Skip to main content

СВР Охрид

СВР Охрид: Малолетници нападнале 17-годишник, охриѓанец нападнат од синот

Од најновиот билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 10.06.2025 во СВР Охрид бил извршен службен разговор со двајца малолетници од Охрид на возраст од 17 и 16 години, постапувајќи по претходна пријава дека околу 00.00 часот во Охрид физички нападнале 17-годишник од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.06.2025 во 21.40 часот во СВР Охрид, 70-годишник од Охрид пријавил во неговиот дом во охридско бил физички нападнат од неговиот син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.