СВР Охрид подготвени за зимската сезона
СВР Охрид е комплетно подготвен да обезбеди максимално безбедна состојба на патиштата во охридскиот регион за време на престојниот зимски период. Македонија пат пак сеуште без потребната механизација, чека дотур на ризла и сол.
ЈП „Македонија Пат“ подружница Охрид и оваа зима без потребната механизација. Дополнително чекаат ризла и сол, а во моментов ЈП располага со резерви од минатата година. Исто така чекаат да помине тендерот на централно ниво за да добијат на заем уште две возила и 3 машини за чистење на снег. Додека пак од СВР Охрид велат дека се подготвени за безбедно одвивање на сообраќајот во зимскиот период, само чекаат од останатите институции, ажурирани планови со комплетни податоци за активностите околу одржување на патиштата. Како што појснува полицискиот гласноговорник Стефан Димоски, на координативниот состанок кој се одржа неодамна внимателно ги ислушале работните планови на сите инволвирани институции, од претставниците на Локалната самоуправа, ЈП, Македонија Пат, институциите од Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Дебрца.
„Побаравме максимална координација помеѓу субјектите, ажурирани списоци на надлежни лица со имиња и презимиња на и точни телефонски контакти, со цел секоја појава што ќе се случи во текот на зимскиот период веднаш да профункционира системот на меѓусебно информирање и на тој начин интервенцијата на службите да биде брза и навремена“.
Годинава за прв пат координативниот состанок за безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови, беше зад затворени врати, а јавноста и по 12 денови од одржувањето на истиот остана без подетални информации во врска со плановите на надлежните за одржување на патиштата оваа зима.
„ Во оваа насока нема никакви посебни причини зошто состанокот бил од затворен карактер. Ние имавме потреба на малку повисоко ниво се координираме со субјектите и без одредени забелешки да се кажат мерките активностите кои што треба да им се преземат. Тое е единствено само во интерес на поголемиот степен на безбедност во сообраќајот која што ќе треба да се постигне во оваа сезона и кон која постојано се стремиме и ќе се стремиме и понатака во оваа насока.
Што се однесува на делницата каде што во моментов течи изградбата на автопатпот Охрид – Кичево, Димоски пренесува дека на овој потег ќе биде ставен посебен акцент. Тој најави контроли од страна на СВР на различни места и во различно време на ангажираност од стрна на полициските службеници. Инаку, од утре, 15 ноември, на сила стапува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед каква е временската состојба во моментот.
Обврската ќе трае до 15 март 2017 година. Казната за неносење зимска опрема изнесува 45 евра.