СВР Охрид
СВР Охрид започна со реализација на едукативната кампања наменета за најмладите „Мојот пријател полицаец”
Целта на оваа активност е запознавање на децата со улогата на полицаецот и запознавање со основните правила и прописи во сообраќајот.

Вчера (03.10.2024) Отсекот за превенција при СВР Охрид, почна со реализација на едукативната кампања наменета за најмладите „Мојот пријател полицаец”. Притоа, полициски службеници, ја посетија детската градинка „Росица” и низ интерактивен пристап, на 65 дечиња од предшколска возраст, им одржаа едукативни предавања со посебен акцент на областа безбедност во сообраќајот, а им поделија и соодветен едукативен материјал со низа практични совети од областа на сообраќајот. – Целта на оваа активност е запознавање на децата со улогата на полицаецот и запознавање со основните правила и прописи во сообраќајот, информираат од СВР Охрид.





