Вчера во 15.31 часот, било пријавено дека на нива со нискостеблеста вегетација во месноста „Тумба”, помеѓу улицата „Стив Наумов” и булеварот „Железничка” во Охрид, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Вчера во 14.20 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 30 годишно лице од Охрид. Тој е лишен од слобода по писмена наредба од Основниот суд во Охрид со која се бара за издржување затворска казна од шест години за сторено кривично дело „разбојништво”, по што е спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп”, се додава во соопштението од СВР Охрид.