свр охрид
СВР Охрид: Пожар во месноста „Тумба“, приведен охриѓанец кој се барал за издржување затворска казна
Погледнете го најновиот СВР Билтен.

Вчера во 15.31 часот, било пријавено дека на нива со нискостеблеста вегетација во месноста „Тумба”, помеѓу улицата „Стив Наумов” и булеварот „Железничка” во Охрид, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Вчера во 14.20 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 30 годишно лице од Охрид. Тој е лишен од слобода по писмена наредба од Основниот суд во Охрид со која се бара за издржување затворска казна од шест години за сторено кривично дело „разбојништво”, по што е спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп”, се додава во соопштението од СВР Охрид.




