На 2-ри октомври 2025 година, во 13:09 часот во СВР Охрид е пријавено дека, по претходно случена сообраќајна незгода на улица „Новопроектирана“ во Охрид, 43-годишна жена од Охрид физички нападнала 47-годишна сограѓанка.
– По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 2-ри октомври 2025 година, во 14:38 часот, на булевар „Туристичка“ во Охрид настанал пожар во паркирано моторно возило марка „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, во сопственост на 43-годишно лице од Охрид.
– Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР Охрид.