СВР Охрид
Приведена 30 годишна жена од Струга во Охрид, полицијата кај неа пронашла марихуана
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.11.2024 во 14.50 часот во Охрид, на булеварот „Туристичка”, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид привеле 30 годишна жена од Струга затоа што кај неа била пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението од СВР Охрид.


