СВР – Охрид против рибокрадците
Една рибарска мрежа во должина од 50 метри и пет парчиња риба-клен пронајде и одзеде синоќа патролата на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.
Една рибарска мрежа во должина од 50 метри и пет парчиња риба-клен пронајде и одзеде синоќа патролата на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.
Рибарската мрежа со димензии на окца од 45 х 45 мм. како и уловот, се пронајдени во водите на Охридското езеро кај Универзитетското одморалиште, синоќа околу 21 часот и 45 минути. По извршената контрола над мрежите, константирано е дека истите не се соодветно обележани со жиг од концесионерот „Пастрмка 2012“ и се користат за вршење на казнено дело „Незаконит риболов“.
Неодамна, во акциска патролна контрола во ноќните часови, полициските службеници кај малата плажа- вила ,,Билјана,, пронајдоа и одзедоа една рибарска мрежа со должина од околу 50 метри и димензии на окца 60×60мм со улов од осумнаесет парчиња риба- десет парчиња охридски крап со вкупна тежина од 9,5 килограми и осум парчиња клен со вкупна тежина од осум килограми.
Од почетокот на овој месец, полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ пронајде и одзеде 20 рибарски мрежи со вкупна должина од над 1000 метри, близу 30 килограми парчиња разновидна риба и повеќе примероци на риболовен алат и прибор. Согласно законот за рибарство и аквакултура, против две лица поднесени се прекршочни пријави.
{loadposition content9}