Skip to main content

МВР

СВР Охрид бележи зголемена ефикасност во расветлувањето на кривичните дела и намалување на бројот на сообраќајни незгоди

Безбедносната состојба е поволна, се бележи намалување на кривичните дела и сообраќајни незгоди во Охрид, а досега без проблеми се одвиваат и активностите во изборниот процес, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев при денешната посета на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 

Безбедносната состојба на територија на СВР Охрид е поволна и на задоволително ниво, а секторот бележи зголемена ефикасност во расветлувањето на кривичните дела. Ова е заклучокот од денешниот работен сосстанок на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, и помошник директорот на Одделот за гранични работи и миграции, Сашо Смилески, со раководството на СВР Охрид.

„Граѓаните се безбедни. На подрачје на Охрид се бележи намалување на вкупно регистрирани кривични дела од 13.5%. Имаме зголемен број на поднесени кривични пријави во делот на економскиот криминалитет за 35% и во делот на класичниот криминал за 10 %. За одбележување е и намалување на бројот на сообраќајни незгоди на подрачје на СВР-Охрид за 4% и намалување на сообраќајни незгоди со телесни повреди за 9%. Воедно, од увидот во работата на управните служби тука во Охрид можам да констатирам дека состојбата е редовна”, рече Бојмацалиев.

Притоа, тој се осврна и на зајакнувањето на капацитетот во делот на гарантирање на безбедноста на границите, особено на Охридското Езеро. Потсети дека во 2020 година беа набавени пет нови пловни објекти, од кои две пловила беа набавени со средства од буџетот на Министерството, а три се донација од Чешка, со кои се реши еден горлив проблем за чување на границите по воден пат.

!Пловните објекти се опремени со професионални уреди за навигација, радар и затворена кабина за екипажот, а патролниот гумен чамец е погоден за брзи интервенции во разни инцидентни ситуации и контроли на водениот сообраќај, особено во летниот период во сите три езера.”, истакна Бојмацалиев,

Делегацијата оствари посета и на Езерската полиција и Граничниот премин „Св. Наум а во рамки на серијата посети што ги реализира во сите сектори ширум земјава како би се запознале одблиску со секојдневните работни активности, постигнатите резултати и евентуални проблеми.