Skip to main content

СВР порачува: Мотоциклисти носете кацига-спасува живот

За неносење ќе казнуваат, но велат и дека доколу се случи незгода, последиците можат да бидат катастрофални.

 |  Мишел Наумоски  | 
soobrakjajci skuter
сообраќајци скутер

Штом се затопли времето очекувано во патниот сообраќај се вклучуваат се повеќе мотоциклисти. Но токму тука настануваат и проблемите. Од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата велат дека според анализите кои ги направиле во поглед на безбедносната состојба, во овој период зачестени се прекршоците кои ги прават мотоциклистите, пред се околу неносењето на заштитните кациги.

skuteri kacigaТокму поради тоа, од полициската станица за безбедност во сообраќајот велат дека ќе зачестат контролите на неколку пунктови низ градот. Доколку еден мотоциклист не носи кацига, тој ќе биде казнет.

„Законските прописи предвидуваат соодветни санкции односно предвидена е глоба од 35 евра во денарска противредност за возачот кој не користи заштитен шлем односно во негова согласност со регистрирање на 15 негативни бодови или глоба во противредност од 20 евра со тоа што за сопатникот кој се превезува на моторциклот нема предвидено негативни поени туку добива само казна од 20 евра.“-рече командирот на полициската станица за безбедност во сообраќајот, Страшо Миленкоски.

Командирот Миленкоски вели дека глобата е најмалиот проблем при неносењето на заштитна кацига. Додава дека доколку се случи незгода, настануваат неколку карактеристични повреди кај возачот кои често се и животно загрижувачки.

kontrola kacigi„Од наша страна апелираме до сите возачи од оваа категорија како и до лицата кои се превезуваат, да носат соодветни заштитни шлемови, а тоа да им биде укажано и од страна на родителите на онаа помлада категорија на учесници во сообраќајот кои тргнуваат од дома да со себе понесат и го користат заштитниот шлем како возачот, така и оној што се превезува.“-вели командирот Миленкоски.

Инаку во изминатиот период, полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата спровела и превентивни мерки  во вид на 7 сообраќајно-воспитни мерки односно сообраќајни поуки со повикување на околу 74 учесници во сообраќајот кои не ги почитувале правилата.

Предупредуваат дека во идниот период ќе делуваат и репресивно доколку забележат непочитување на соораќајните прописи, особено неносењето на заштитни кациги. Затоа ако ви се оди некаде со мотор…заштитете се и себеси, но и совозачот, ставете кацига. Не чини многу, но ако не ја носите, може да ве чини многу повеќе.

{loadposition content9}