Skip to main content

Две лица се здобија со тешки повреди

СВР со детали за сообраќајката на ул. 7-ми ноември

Охриѓанец со мопед удрил во пешак на ул. „7 ноември“ во Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и пешакот.
 |  инфодеск  | 
полициска лента

На 19.05.2022 во 16:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улица „7-ми ноември”, мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Т. (19) од Охрид, удрил во пешак С.Ш. (53) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и пешакот, констатирани во ЈЗУ „Свети Еразмо” – Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид – се вели во соопштението на СВР Охрид.