Skip to main content

Охрид и струга

СВР со каранфил им го честиташе 8 март на жените учеснички во сообраќај

Полициски службеници во Охрид и Струга запираа возила кои ги управуваа жени и со каранфил им искажаа почит и упатија убави желби.
 |  инфодеск  | 
Свр цвеќе

Традиционално, денеска СВР Охрид- отсек за превенција, ИПА Охрид и РСБСП, со симболичен подарок-црвен каранфил, на припадничките од понежниот пол кои управуваат моторни возила, им го честитаa 8 март, денот на жената.

Претпладнево, полициски службеници во Охрид и Струга, на сообраќајни пунктови, ги запираа возилата што ги управуваа жени и со каранфил им ја искажавме почитта, им упативме убави желби, но и потсетивме на потребата од безбедно управување на возилата во собраќајот за време на празничниот ден – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Свр цвеќе
Свр цвеќе