Skip to main content

свр охрид

СВР Билтен: приведени лица поради користење кокаин и марихуана, напад на скопјанец во казино, одземени возачки дозволи…

Погледнете го најновиот СВР Билтен.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 21.07.2024 во 02.55 часот во ноќен клуб на булеварот „Железничка” во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид привеле 20 годишно лице од Австралија затоа што при контрола во објектот бил затекнат при користење кокаин. При преглед кај него, пронајден и одземен е кокаин. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.07.2024 во 08.50 часот во казино на улицата „Партизанска” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 43 годишно лице од Охрид поради сомнение дека претходно во казино физички нападнал 23 годишно лице од Скопје. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.07.2024 во 21.10 часот на улицата „Наум Охридски” во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид привеле 34 годишно лице од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.07.2024 во 22.10 часот на магистралниот пат Струга-Подмолје, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга лишиле од слобода 36 годишно лице од Охрид. При преглед извршен во неговиот паркиран патнички автомобил „фолксваген голф” со охридски регистарски ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.07.2024 од 00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-02, Струга-01, Кичево-03). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, се вели во најновиот СВР Билтен.