Skip to main content

ТА „Тика“ планира изградба на училишна зграда на местото на ОУ „Братство Единство“

Турската агенција Тика планира изградба на  нова училишна зграда на местото на ОУ „Братство Единство“. Иницијативата е на неколку граѓани. Градоначалникот  Стојаноски оствари средба со претставници од „Тика“ и им ги презентира потребните документи.  

 |  Валентина Неловска  | 
школо

Со донација од турската агенција „Тика“ во Охрид се планира изградба на нова училишна зграда. Новата школа би се градела на местото на старата зграда на ОУ Братство Единство на улицата „7-ми Ноември “ која е изградена пред 7 децении и е едно од најстарите турски училишта во Р.Македонија. Иницијативата за изградбата на нова школа и контактите со ТА „Тика“ се на охриѓаните Ајнур и Хулија Абдула, Фарије Реџеп и Емир Муфти. Еден од иницијаторите за изградба на нова школа е Емир Муфти , претседател на Совет на родители ОУ „Братство Единство“. Тој кажува декаидејата и контактите со Тика се резултат на лошите услови во централната зграда на основното училиште.

школо„ Од влага не се поминува, условите за настава се мизерни. Една поправка по земјотресите трае со месеци и не е завршена. На Совет на родители беше разговарано да се најде некое решение и дел од родителите решивме,  да се бара помош и од надвор. Од сите нас Ајнур Абдула ја потегна иницијативата и ги презеде обврските и контактите  со ќерка и која живее во Турција,  заедно ги остварија контактите со “Тика“, вели Муфти.

На иницијатива на родителите беше остварена средбата со охридскиот градоначалник на која е разговарано за можноста за изградба на нова училишна зграда на местото на старата зграда од ОУ „Братство – Единство“, посочува Муфти. Градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски оствари средба со Ајтекин Ајден, Програмски координатор за Република Македонија на Tурската агенција за координација и соработка „ТИКА“. Стојаноски при тоа ги презентира потребните документи побарани од страна на преставниците на „ТИКА“ кои понатаму ќе бидат проследени на повисоко ниво во оваа агенција.

Училишната зграда во јулските земјотреси годинава претрпе оштетувања и сеуште се во тек градежни работи за санирање.При увидот Комисијата за проценка на штети констатира материјална штета на зградата во висина од околу 750.000 денари.
Инаку, централната зграда каде што е сместено ОУ „Братство и Единство“ е една од најстарите во градот и е изградена во далечната 1948 година.