Skip to main content

Паскали Бунташеска: Советот даде зелено светло за незаконски планови

Нацрт плановите Табана и Кеј причина за итен пресс во Заводот за заштита на спомениците на културата.

 |  Маленкова Татјана  | 
Planovi Tabana i Kej

Дел од одлуките за кои денес советот даде зелено светло, на нозе ја кренаа управата за заштита на културно наследство, поточно Завод и музеј Охрид. Директорката Тања Паскали Бунташеска на итен пресс образложи зошто оваа установа не прифаќа нацрт плановите за две многу значајни урбани заедници,  Урбана заедница 1 блок 1, точка 1 опфат  Табана и Урбана заедница 2 блок, брок 2 точка 1 опфат Кеј, советниците дадоа позитивно мислење.
Паскали Бунташеска појасни дека за планирање на овие два простори Националната уставова Завод и Музеј Охрид уште во 2008 год.  изработила заштитно конзерваторски основи. Тие биле доставени до Управата за заштита на културното наследство каде биле разгледани од страна на управата и одобрени.

„За жал планерите не постапија според насоките кои ние ги дадовме со нашите заштитно конзерваторски Tanja Paskali Buntaseskaоснови“, вели директорката на завод и музеј. Таа додаде дека според законот за заштита на културно наследство основите се работат  пред отпочнување со планирање на просторот, со цел да се дадат насоки, планирање на заштитени подрачја и истите да бидат вградени уште во нацртите од деталните урбанистички планови. Паскали Бунташеска додава дека и за двата планови Управата за заштита на културното наследство има издадено мислење, меѓутоа  мислењето е негативно и истото е образложено писмено на неколку страни. Ова директорката го поткрепи со документација која уредно им ја подели на новинарите.

„Се чудам која им е храброста што во овој момент повторно истите планови без позитивно мислење од управата за заштита на културно наследтсво и заштита се ставаат на седница и тоа како се ставаат. Прво не се на дневен ред поставени регуларно не се поминати низ комисијата за урбанизам, туку се ставаат директно како точка на седница. Уште отука се гледа дека нешто не е во ред со плановите бидејќи не одат регуларно. Во врска со тоа дали и за нацрт план треба да има позитивно мислење од  управа за заштита, беше пуштено и барање, врз основа на кое беше испратено и известување до општината со образложение зошто треба плановите пред донесување на нацрт да бидат доставени до управата“, вели директорот на завод и музеј Охрид, Тања Паскали Бунташеска.

Директорката образложи дека насоките за планирање на просторот кои ги дава управата и заводот, мора nacrt plan Tabana да бидат вградени уште во нацртите на плановите.  „Доколку не бидеме испочитувани уште во нацрт фаза само се донесуваат во заблуда граѓаните, затоа што ќе им биде испланирано нешто што од наша страна не е дозволено и не може да бида прифатено“, додава директорката.

„Во целава ситуација плановиве кои се усвоија како нацрт најмногу ќе изгубат граѓаните. Ова е скроз назаконска постапка, навистина се работи за најкритичните делови во старото градско јадро. Ние ќе ги нпревземеме сите законски мерки кои треба да ги превземеме за да го стопираме донесувањето на ваквите планови. Четири години имаа време забелешките да се исправат  кои децидно по точки беа дадени од управата. Ние не сме тиа што го кочиме планрањето на просторот, но и нашата работа неможе да биде помножена со нула како во овој случај“, додава Паскали Бунташеска.

Директорката појасна дека за ваквиот начин на донесување на плановите известена е управата за заштита на културно наследство, министерството за транспорт и врски. Таа додава дека ќе бидат превземени сите законски мерки за ваквото планирање да се стопира.  Инаку доколку навистина овие планови се сопрат,  долго време нема да може да бидат повторно ставени на увид.

{loadposition content9}