Таеквондо ИТФ Македонија од 25.03 – 02.04 ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Пореч, Хрватска.
Под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски, боите на нашата земја ќе ги бранат пет искусни натпреварувачи. Христијана Парулеска, Давид Крстески, Елена Јанеска, Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ.
Подготовките течеа последните 2 месеци секојдневно, го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати, иако поради ситуацијата со ковид 19 го изгубивме континуитетот на натпревар. Сепак според нивниот историјат можеме да веруваме во овие наши натпреварувачи – истакна Лазаревски.
Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати, кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања.
Изразуваат голема благодарност на генералниот спонзор „ПН Метал”, кој е најзаслужен за нивниот настап на ова Европско првенство, а воедно и за сите нивни успеси.