Skip to main content

Тајните на Охрид: Горна порта

Денес ви претставуваме еден трите влезови во негогашниот утврден Охрид, најзачуваниот однив, Горна порта.

 |  Голабовски Крсте  | 
porta

Денес ви претставуваме еден трите влезови во негогашниот утврден Охрид, најзачуваниот однив, Горна порта.

Самуиловата тврдина се смета за една од најголемите фортификации зачувани во Македонија. Првпат била споменета од страна на историчарот Тит Ливиј во 3 век п.н.е, уште додека била тврдина на градот Лихнид.

Уште во петиот век од нашата ера Охрид се споменува од римските историчари како град со тврдини, кој како и другите римски градови на Балканот се брани од наездите на скитачките племиња, при големото преселување на народите во 4 и 5 век. Закрепениот Охрид во 479 година ја одбил опсадата на готскиот крал Теодорих Велики.