Skip to main content

Харпун 2022

Тактичка вежба на Тигрите денес во Охрид

Вежбата ќе се одржи на крајбрежјето на Охридското Езеро, до Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро”.
 |  инфодеск  | 
Харпун

Денес во 12 часот и 30 минути ќе биде реализирана демонстрација на заедничка Оперативно-тактичка вежба „ХАРПУН 2022” од страна на припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ од Република Северна Македонија и Специјалниот одред за борба против тероризмот од МВР на Република Бугарија, во содејство со Одделот за воздухопловни единици при МВР на Република Северна Македонија.

На вежбата ќе присуствуваат високи делегации од двете министерства, предводени од министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски и заменик министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Венцислав Катинов, информираат од МВР.

Вежбата ќе се одржи на крајбрежјето на Охридското Езеро, до Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро”.