Skip to main content

ТАМАРО продолжува да расте, новиот 16-ти маркет ги отвори вратите за потрошувачите

Новиот продажен објект се наоѓа на улицата „Никола Карев“, во рамките на ТЦ „Трудбеник“ и е уреден според современи стандарди, нудејќи пријатно и практично искуство за секој купувач.
 |  инфодеск  | 

Со јасна стратегија за постепен, одржлив раст и континуирано приближување до своите потрошувачи, ТАМАРО продолжува да ја проширува својата малопродажна мрежа. Викендов свечено беше отворен новиот, шеснаесетти по ред, „Тамаро“ маркет во Охрид.

Новиот продажен објект се наоѓа на улицата „Никола Карев“, во рамките на ТЦ „Трудбеник“ и е уреден според современи стандарди, нудејќи пријатно и практично искуство за секој купувач.

ТАМАРО не е само место за секојдневно пазарување, туку бренд кој со години гради доверба преку квалитетна услуга, свежи производи и богат асортиман. Пространиот и функционално организиран маркет им овозможува на потрошувачите лесно и удобно пазарување, со внимателно избрани производи за секојдневните потреби на секое семејство.

Компанијата е препознатлива по љубезниот однос кон купувачите, високите стандарди за квалитет и свежина на производите, како и по ценовната политика која го почитува семејниот буџет. Редовните акции, промоции и попусти се дел од заложбата на ТАМАРО да им понуди на своите потрошувачи најдобра вредност за нивните пари.

„Тамаро“ е охридска трговска компанија основана во 1997 година. Благодарение на довербата што ја добива од потрошувачите, компанијата бележи континуиран раст и денес располага со мрежа од 16 маркети во Охрид, Струга и околните населени места.

Во рамките на својот развој, од 2016 година компанијата го прошири и сопственото производство. Во состав на „Анабела“ успешно функционираат пекара, слаткара и кујна за готови јадења, обезбедувајќи секојдневно свежи и квалитетни производи за своите купувачи.

Дел од ТАМАРО холдингот е и големопродажниот магацин „АМ“, кој ја снабдува целата мрежа на маркети во Охрид, Струга и околните места, овозможувајќи сигурна логистика и континуирана достапност на производите.

Со отворањето на новиот маркет, ТАМАРО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на локалната заедница и продолжува да инвестира во развој, квалитет и услуги кои одговараат на потребите на современите потрошувачи.