Тандем настава се одржува по предметот физичко во одделенска настава
Со воведување на тандем настава се вклучуваат покрај одделенскиот и предметниот наставник. Засега наставата се изведува со учениците од прво и второ одделение, а во следниот период етапно ќе се воведува тандем настава и во останатите одделенија.
Позитивни ефекти дава тандем наставата за физичко и здравствено образование во оснoвните училишта. Во наставниот процес е воведен предметот физичко воспитание кој го одржуваат предметни покрај одделенските наставници. Овај вид на настава започна од минатата година со измените во Законот за основно обрзование. Тандем наставата започна за првачињата, а од оваа година се применува и за второ одделенците. Одржувањето на овој вид часови во наставата ќе се одвива етапно, информира Ивана Махоска Шикалеска, директор на ОУ Григор Прличев. Од идната година ќе се воведува тандем настава и за третоодделенците. Од училиштето се задоволни како досега учениците ги прифаќаат часовите по физичко.
„Децата едвај го чекаат часот по физичко и здравствено воспитание. Поинакво и поразлично е кога предметен наставник по физичко ќе влезе и ќе ги одржува часовите, на начин како што треба, со нови форми и методи за работа кои се применуваат за деца на нивна возраст и за оформување на телото“.
Кате Бујароска Анѓелеска и Олгица Грозданова се професорките по физичко воспитание и спорт кои ги одржуваат часовите за ученците во прво и второ одделени во ОУ григор Прличев. Двете се согласуваат дека е најдобро да се започне со физички активности во раниот детски развој.
„Ме радува фактот што на овој начин може превентивно да се делува во спречување на телесните деформитети. Не значи дека оние податоци кои сме ги добиле ќе прераснат во деформитети, но мора да се третираат. Физичката активност е потребна за секое дете, играта, трчањето, скокањето мора да се задоволат тоа е потреба за да се има правилен раст и развој на децата“.
Професорката по физичко воспитание и спорт, м-р Кате Бујароска Анѓелеска, апелира родителите да ги поттикнуваат и мотивираат на спорт децата, но не според нивните туку според афинитети на децата. Заедно да ги користат викендите на отворено со престој во природа. Во домовите да им овозможат едноставни, креативни опции за игра на децата за да ги заборават таблетите и компјутерите.