Skip to main content

Танец ќе игра за обнова на опжарениот манастир Трескавец

Во понеделник во Центарот за култура „Григор Прличев“ професионалниот Ансамбл за народни игри и песни Танец на охриѓани и гостите ќе им приреди едно незаборавно културно доживување.  Цената на влезниците е 100 денари.

 |  Јаковлева Лионела  | 
tanec
танец

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ на охриѓани и гостите ќе им приреди едно незаборавно културно доживување. Во понеделник 22- ри април, во Центарот за култура „Григор Прличев“, Танец ќе игра за обнова на опжарениот манастир Трескавец, вели директорката Драгана Боцевска.

Манастирот Трескавец кој се наоѓа во Прилеп настрада во пожар на четврти февруари оваа година. За неполни два часа од раскошниот храм на православието кој датира од 12 век, останаа само пеплосани ѕидови, јагленисани греди и пепел и чад. Но за среќа спасена беше црквата Успение на Пресвета Богородица којашто е од култно значење за прилепчани.tanec

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска тогаш вети дека ќе се изработи Акциски план за брза санација и реконструкција на опожарениот дел, како и проект за обнова на манастирот Трескавец.  Во акцијата за прибирање срдства за овој манастир се приклучи и Ансамблот Танец кој за таа цел одржа еден концерт во Прилеп, а се планира после Охрид концерти да има и во другите градови низ Македонија.

Концертот ќе започне во 20 часот. Цена на влезниците е 100 денари. Наредна прилика кога охриѓани ќе можт да го видат овој професионален ансамбл ќе е на овогодинешниот Балкански фестивал. По традиција Танец ќе го отвори и ова издание на фестивалот.

{loadposition content9}