Skip to main content

Центар за култура григор прличев

Театар Провокација во сабота гостува во Охрид

„Пациенти“ е претстава за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот.
 |  инфодеск  | 
Театар Провокација

Во сабота на 10-ти декември со почеток во 20 часот, Театар Провокација ќе гостува во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид и ќе ја изведе преставата „Пациенти“.

Цена на картата 200 денари.

„Пациенти” е насловот на најновата хит- комедија на Театар Провокација.

Ова е претстава за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот. Ова се ситуации во кој ќе се препознаеме сите ние и нашите најблиски во моментите кога си дозволуваме да се разгорат оние „дебати” во кои не ги бираме зборовите и средствата, само за да излеземи во право, во кои целиме што повеќе да повредиме бидејќи се чувствуваме повредено. Тој – хроничен алкохоличар, таа – хистерична аждаја. Не знаеш кој заради кого го сменил својот облик на битисување, информираат огранизаторите.

Ова е претстава која е огледало на ситуациите од нашите животи. Дополнителен квалитет е тоа што брачната актерска двојка Мирјана и Роберт Ристов, несебично го внесува своето емпириско искуство, со цел огледалото да стане што појасно и пореално. Улогата на Доктор Доце му е доделена на младиот и талентиран актер Радо Алесовски, додаваат од Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.