Skip to main content

центар за култура охрид

Во петок театарска претстава „Кумови“ хуманитарно за нашата сограѓанка Бојана Танеска

Претставата започнува во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и од 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.
 |  инфодеск  | 

Театарска претстава “КУМОВИ” од Душан Ковачевиќ репризно на репертоарот на 25.10.2024 (петок) од 20:00 часот. Парите од влезниците ќе бидат донирани за нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска со желба за брзо и успешно опоравување!!!

Режијата е на Билге Емин, а играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Превод и драматургија: Кристина Тодороска Петреска. За сценографија е задолжена Татјана Христоска Бажевска, а за костимографија Марија Пупуческа.

Претставата започнува во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и од 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.