Skip to main content

Театарската сезона во Охрид наместо охридскиот ќе ја отвори велешкиот театар

Театарската сезона во Охрид наместо охридскиот ќе ја отвори велешкиот театар.

 |  Валентина Неловска  | 
џинот
џинот

Охридската театарска сезона наместо домашните актери ќе ја отворат  велешките од театар Џинот. Четворицата актери  Васил Зафирчев, Зоран Љутков , Маја Љутков и Јордан Витанов гостуваат со  претставата „Ноќите во бел сатен“. Автор на текстот  е Братислав Димитров, а претставата ја доби наградата  Чернодрински. Станува збор за хумористичен текст на љубовна тема,  која ќе ги насмее охриѓани до солзи.
џинот
„ Оваа соработка подолго време ја договоравме сакавме да донесеме една претстава од Велес затоа што овој театар нема подолго време гостувано во Охрид. Тие се во подем, работаат и имаат голем број успешни претстави. Оваа претства постигна голем успех, а  во Велес  подолго време е на репертоар. Има остварено многу гостувања и ќе биде убаво освежување за нашата публика“.

Ценатрот за култура покрај гостувањето на велешкиот театар договара во иднина  да гостуваат битолскиот и  крушевскиот  театар, како  и претстави од МНТ. Ниту Драгана Боцевска, директорката  на центарот за култура, ниту во ресорното министерство немаат  одговор што се случува во охридскиот театар. Боцевска се повикува на раководителот на театарот, актерот Горан Стојановски да одговори зошто не играат претстави.

„ За тоа поконкретно може да одговори раководителот на театарот затоа што тој е одговорен за репертоарот. Охридскиот театар ги има сите услови за работа, кога ќе бидат спремни за претстви може да ги постават. Во овој момент тој би можел да Ви одговори.“

И додека раководителот на тетарот не се огласи и не ја запознае  јавноста со  причините зошто охридксите актери не играат претстави, од Ценатрот за култура засега го  потврдуваат гостувањето на театраските ентузијасти од Крушево  кои во Охрид ќе играат пертства кон крајот на јануари идната година.

{loadposition content9}