Skip to main content

Детска аматерска група

Театарски настапи на Драмското студио Цвет 75

Успешна 2022 година за Драмското студио за деца и млади „Цвет 75“ од Охрид. По повод Божик и новогодишните празници ги изведоа едночинката Утринско будење и претставата Именден. Уметничкиот колектив планира во наредниот период да ги одиграат своите претстави пред децата во градинките и училиштата во Охрид и околината.
 |  инфодеск  | 
Цвет 75

Драмското студио за деца и млади „Цвет 75“ од Охрид веќе 5 години претставува простор кој младите ентузијасти, театарџии го користат за развивање на својот креативен потенцијал. Ги користат просториите на Средното економско училиште каде поделени во две групи, малата за деца од 6 до 9 години и голема група од 10 и повеќе, вежбаат и творат во различни форми, креираат претстави и создаваат емисии претежно наменети за детската популација. Малата група по повод Божик и новогодишните празници настапи во детската градинка „Јасна Ристеска-Росица“ со едночинката Утринско будење, додека големата група пред учениците на Основното училиште „Св Климент Охридски“ ја изведе претставата „Именден“.

Тоа е адаптација на темата за Пепелашка, но вметната во еден староградски амбиент, почеток на 20 век, оној период кога се снимаат и македонските народни приказни. Пепелашка е сместена во едно чорбаџиско семејство. Со малата група припремивме едночинка, „Утринско будење“ каде што на хумористичен и духовит начин ги потсетуваме децата за користењето на средстава за хигиена.“, вели Драгана Боцеска, раководител на Цвет 75.

Уметничкиот колектив Цвет 75 покрај актерскиот ангажман, низ дружба и забава неуморно снима документарни детски емисии кои се објавуваат секоја сабота на нивниниот Јутјуб канал.

Фокусот ни се репортажи, документарни емсии, но и играна програма, случки од животот на младите, децата и во последно време се обидуваме некоја наша варијанта од македонските приказни, кои ги започнавме случајно, но на децата посебно од повозрасната група им станаа многу интересни тие ликови.“, кажа Боцеска.

Во престојниот период по училишниот распуст, предвидени се нови емисии и театарски гостувања во училишта, градинки, а планираат да се претстават и пошироко од границите на Охрид.