Skip to main content

Течат градежните зафати за пешачката патека од каналот Студенчишта до Парк

Модерната пешачка патека на потегот од каналот Студенчишта до Парк, ке биде готова до почетокот на на летната туристичка сезона. Станува збор за изградба на првата фаза во должина од 210 метри,  тврдат од Локалната Самоуправа Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
pesacka pateka
пешачка патека

pesacka patekaГрадежните зафати за првите 210 метри од пешачката патека од каналот Студенчишта до Парк во должина од 1700 метри ќе бидат готови до почетокот на сезоната, најавуваат од Фондот за комунален развој, сообраќај и патишта при општина Охрид. Како што изјави Љупчо Танески проектираната стаза почнале да ја градат пред еден месец и во моментов во полн ек биле градежните зафати за првата фаза.

„Согласно тендерските услови планирано е пешачката патека да биде готови до почетокот на летната сезона, тука сме ние како орган да ја утврдиме, пропишиме и следиме динамиката на изведените градежни активности.  Во моментов е изработена комплетната градежна инфраструктура, поставен е водоводот, атмосферската и отпадната канализација.  Во моментов по добиениот тендер од страна на охридската фирма Еуро Стил во моментов таа фирма е задолжена за партерно и хортикултурно уредување на патеката“– вели Танески.

Првата фаза од изградбата на петеката на Локланата самоуправа ја чини 150 илјади евра. Танески појасни како се распределени овие средства

„Јавните претпријатија учествуваат со околу милион денари подеднакво Нискоградба и Проаква, милион денари се одвоени за привватната фирма од Кичево која што ја поставуваше електричната и дистрибутивна мрежа и скоро 7 милиони денари чини партерното и хортикултурно уредување“- објаснува Танески.

pesacka patekaСпоред проектот пешачката патека ќе претставува авенија широка 12 метри во прва фаза долга 210 метри, со пешачка, велосипедска, патека а на средината ќе биде холтикултурно уредена. Танески кажа дека патеката се гради во фази од два аспекти, финансискиот и согледување на искуството од реализација на модерни инфраструктурни зафати кои прв пат се реализираат во општина Охрид, на иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески. Во рамките на проектот ќе биде дополнително уреден и скејт паркот но и паркингот на почетокот од патеката со кој стопанисува ЈП „Билјанини Извори“. Од локалната уверуваат дека  со завршување на градежните зафати за пешачката патека ќе престанела праксата деа се одвива сообраќај на тој потег односно граѓаните и гостите нема да можат со своите автомобили да се движат по патеката и да паркираат на неколку метри до местото каде што го пијат својот пијалок.

{loadposition content9}