Тече процесот на бесплатно микрочипирање на домашните миленици
Досега во Охрид се регистрирани над две илјади кучиња домашни миленици. По заокружување на процесот до крајот на годината од АХВ најавуваат поригорозни контроли за сопствениците дали ги почитувале законските прописи за вградување микрочипови и дали ги вакцинирале против беснило.
Една од мерките за намалување на бездомните животни по улиците е вградување на бесплатни микрочипови од Агенцијата за храна и ветеринарство. Но од имплементацијата на тригодишната стратегија во пракса се добива впчеток дека дава слаби резултати. Улиците и плоштадите се полни со бездомни кучиња и поплаки на искасани граѓани. Како се реализира Стратегијата со микрочипирањето и кој треба да ги контролира сопствениците за примена на одредбите од законот за заштита и благосостојба на домашните животни ја контактиравме Велика Атанасова, портпарол на АХВ. Атанасова информира дека се обезбедените 100.000 чипови за целата земја,а досега се искоритени 62.489 микрочипови. Најмногу микрочипови биле вградени кај кучињата ,а од нив 2030 се регистрирани во Охрид. Агенцијата, рокот за бесплатно микрочипирање кој првично беше до април, го продолжи до крајот на оваа година. Од 31 март ветеринарните друштва за вградување на микрочиповите наплаќаат само за услугата , напоменува Атанасова.
„ Во моментов се вршат административни проверки и чекаме колку од обезбедените количини микрочипови ќе се искористат . Колку од граѓаните во ветеринарните друштва кои имаат на располагање микрочипови практично ги употребиле , идентификувле и регистрирале домашните миленици. Законот за здравствена заштита на животните и законот за заштита и благосостојба на животните предвидуваат казни за непочитување на обрските на сопствениците за нечипирање и невакцинирање против задолжителни болести“, вели Атанасова.
И додека по улиците и плоштадите се повеќе има наезда на бездомни напуштени кучиња кои се шетаат по улиците и плоштадите и напаѓаат луѓе, нема податок колку контроли направиле инспекторите од АХВ колку сопствениците на домашните миленици кучињата го почитуваат законот. По правило надлежностите се префрлаат и на други институции.
„ Дел од обврските се и на комуналните инспектори при Локалната самоупрва. Она што АХВ го има е надлежност во контролата на здравјето и благосостојбата на животните на терен и регистрирање на животните. Имаат право и во тој дел нашите инспектори , но оставен е простор по завршување на процесот. Се реагира и при претставки на граѓани кога ќе бидат нападнати од кучиња и во тој случај“, вели Атанасова.
И додека се реши реалниот проблем со бездомните кучиња по улиците и градските плоштади низ земјава, 150 граѓани само во текот на оваа година вложиле претставки преку ОПМ од каснување на кучиња. За 60 случаи се водат постапки како основани, информира Атанасова од анализите на одделението за заштита на потрошувачите кои реагирале до АХВ.