Skip to main content

Нов одговор

„Техничка грешка“ во вчерашниот извештај од ЈП Градски пазар

Поправен извештај на ЈП „Градски пазар“ за исплата на средства на медиуми.
 |  инфодеск  | 
Градски пазар

По објавениот прилог на Портал ТВМ www.tvm.mk на 24.01.2023г. – Работи ли домаќински ЈП „Градски Пазар“? денес, 25.01.2023г. добивме нов Одговор од ЈП „Градски Пазар“ на нашето Барање за пристап до информации од јавен карактер. Беше проследено образложение дека во претходно доставениот извештај на 24.01.2023г била направена техничка грешка и дека ни доставуваат нов Извештај со точна информација за исплатени суми на медиуми за период од 01.10.2022 – 31.12.2022 година.

Градски пазар

Во иднина, да се надеваме дека службите во ЈП „Градски Пазар“’ ќе бидат повнимателни во изготвувањето на Извештаите, па нема да се случуваат т.н технички грешки кои ќе предизвикуваат реакции во јавноста.