Теквондистите на „ХВА РАНГ ИТФ“ освоија 9 медали на „Бугарија Опен 2021“
Теквондистите на „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец на Меѓународниот А класа Таеквондо ИТФ натпревар „Бугарија Опен“, што се одржа во Пловдив освоија девет медали.
Ова беше прв меѓународен Таеквондо ИТФ натпревар во живо на овие простори после речиси две години. Учествуваа околу 400 натпреварувачи од 7 земји (Македонија, Бугарија, Грција, Кипар, БиХ,Украина и Молдавија) при што беа донесени најдобрите поединци, за да ја проверат нивната форма , со надеж да се учествува на Европското првенство доколку е се во ред, кое треба да се одржи од 25-31 октомври во Хераклион на Крит.
– Во текот на оваа пауза се трудевме да го одржиме натпреварувачкиот дух и добрата подготвеност на натпреварувачите, при што учествувавме на два онлајн натпревари. Иако немавме досега натпревари во живо, додека во некои држави веќе се одржуваа, сепак нашите натпреварувачи повторно дадоа се од себе и направија да се гордееме со нив, освојувајќи 1 златен 2 сребрени и 6 бронзени медали, што искрено не се надевавме на ваков извонреден успех со оглед на квалитетот на натпреварот и учесниците на него. Настапивме со 7 натпреварувачи кои натпреваруваа во две дисциплини, форми (борба со замислен противник) и спаринг, од кои најголемо изненадување беше Михаил Јоноски, кој зад себе има 3-4 натпревари и е уште почетник , го освои првото место во спаринг –борби, во категорија деца 11-13 год. -60 кг. И овој пат изразуваме благодарност до нашиот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за нашето учество на овај престижен натпревар и за сите наши успеси.-вели тренерот Марјанчо Лазаревски.
Освојувачи на медали се:
Михаил Јоноски 1 место златен медал спаринг-борби , деца 12-13 год -60 кг
Христијана Парулеска 2 место сребрен медал спаринг-борби , девојчиња 12-13 год -40 кг
Никола Балчески 2 место сребрен медал спаринг-борби , јуниори 14-17 год -55 кг
3 место бронзен медал 6-5 куп (зелен појас) јуниори 14-17 год
Давид Велковски 3 место бронзен медал спаринг-борби , сениори 18-39 год – 71 кг
Божидар Димитриевиќ 3 место бронзен медал спаринг-борби , јуниори 16-17 год +75 кг
3 место бронзен медал 1 дан (црн појас) јуниори 16-17 год
Давид Крстески 3 место бронзен медал 1 дан (црн појас) јуниори 14-15 год
Марио Крстески 3 место бронзен медал 2-1куп (црвен појас) јуниори 14-15 год.