Skip to main content

СВР Охрид

Тепачка, говор на омраза и сообраќајни прекршоци во полицискиот билтен

Полициските службеници санкционирале 29 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на непрегледни и места каде тоа е забрането.
 |  инфодеск  | 
СВР

Тепачка, говор на омраза на фејсбук и сообраќајни прекршоци во полицискиот билтен за изминативе 24 часа на територија на СВР Охрид.

Синоќа во 21.10 часот, на улицата ,,Гоце Делчев“ во Охрид, приведени се 24 годишник  и малолетник, двајцата од Кичево. Тие, претходно физички  нападнале 28 годишник  од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера од 14 до 19 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 29 возачи на моторни возила кои, извршиле престигнување на непрегледни и места каде тоа е забрането (Охрид-11, Струга-07, Кичево-08, Дебар-03).

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44 годишен жител од штипското село Таринци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „ширење  расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 20.10.2022, по објава поставена на социјалната мрежа Фејсбук, напишал коментар со кој ширел говор на омраза.