На 27.04.2022 година околу 11 часот во продажен објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.Ц.Т. (40), Р.Ќ. (63), В.Ќ. (59) и У.Ш. (73), сите од Охрид, информираат од СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.