На 02.07.2022 година во 00:40 часот, во СВР Охрид приведени се Т.Т.(20), Х.Ј.(22) и К.Б.(20), сите од Охрид, бидејќи претходно, на Kеј Македонија го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.
При преземање на службени дејствија со цел расчистување на нарушувањето, полициските службеници биле спречувани од О.М.(23) од Охрид поради што, тој е приведен и лишен од слобода. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.