Физички напад
Тепачка на ул. Сирма Војвода
Охриѓанец е лишен од слобода откако нападнал двајца сограѓани на улицата „Сирма Војвода“, информираат од СВР Охрид.
На 23.08.2022 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.Д. од Охрид.
Тој околу 9 часот на ул. „Сирма Војвода” физички ги нападнал Т.К.(30) и Е.К.(52) од Охрид. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – се вели во соопштението на СВР Охрид.


