Skip to main content

Нарушен јавниот ред и мир

Тепачка на ул. Ванчо Николески

Охриѓанец физички нападнал 19-годишен сограѓанин на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 23.04.2022 година во 03.30 часот, на улицата „Ванчо Николески” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Б.Р. врз Д.В. (19), двајцата од Охрид.

Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.