Tепачка со нож во Охрид
Едно лице се здоби со тешки телесни повреди, односно со повеќе убоди во пределот на стомакот, левата рака и лицето во тепачка случена во домот на 30- годишен охриѓанец на улицата „ Радојца Новичиќ “.
Едно лице се здоби со тешки телесни повреди, односно со повеќе убоди во пределот на стомакот, левата рака и лицето во тепачка случена во домот на 30- годишен охриѓанец на улицата „ Радојца Новичиќ “.
Настанот се случил утрово околу 01 часот и 30 минути кога сега повредениот заедно со неговата сопруга пристигнале во домот на нивниот пријател . Сопственикот на куќата на сопругата на сега повредениот и дал бела хартија во која имало бела прашкаста материја на што реагирал сопругот, кој го оттурнал сопственикот на куќата по што настанала вербална меѓусебна расправија. Во обидот да си заминат од куќата, при слегување по скалите, сопственикот на куќата со мачета со должина од 40 сантиметри замавнал неколку пати кон сопругот и му ги нанел повредите по стомакот, левата рака и левиот образ.
СВР Охри го приведе лицето по што во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
{loadposition content9}