На 10.07.2022 година во 04:35 часот, во СВР Охрид се приведени Д.Т.(32), Д.Џ.(35) и А.Т.(32), сите од Охрид.
Тие, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т. од една, и Д.Џ. и А.Т.од друга страна. Притоа, Д.Т. се заканувал со остар предмет, но бил спречен од полициските службеници кои пристигнале на местото, со што бил избегнат поголем инцидент. Тие се приведени и по целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР.