Свр билтен
Тепачка во близина на СРЦ Билјанини извори
Охриѓанец со остар предмет нападнал негов сограѓанин по вербална расправи пред деловен објект во близина на СРЦ „Билјанини извори“.
На 07.02.2023 во 13:15 часот во СВР Охрид било пријавено е пред деловен објект во близина на спортско – рекреативниот центар „Билјанини извори” во Охрид, од страна на Г.Т.(47) и М.Ј.П.(26), двајцата од Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со употреба на остар предмет, на што претходела нивна меѓусебна вербална расправија.
Притоа, со телесни повреди се здобил Г.Т. констатирани во Општа болница во Охрид, додека М.Ј.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо”. По целосно расчистување на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


