Физички напад
Тепачка во казино на ул. Партизанска во Охрид
Охриѓанец физички нападнал 42-годишен сограѓанин во казино на улицата Партизанска во Охрид, информираат од СВР.
На 22.12.2022 година во 22:05 часот во СВР Охрид пријавено е дека во казино лоцирано на улицата „Партизанска” во Охрид, А.Ф. физички го нападнал Б.З.(42), двајцата од Охрид.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


