На 10.12.2022 година во 12:30 часот, во работилница лоцирана на улицата „Кленоец” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со вербална караница помеѓу Т.В.(64), Ј.В.и Љ.Т.(63), сите од Охрид.
Притоа, Т.В. со метален предмет, физички го нападнал „Љ.Т. кој е пренесен во „Општа болница” во Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.