На 26.09.2022 година во 20:55 часот, во СВР Охрид пријавено е нарушување на јавен ред и мир во спортска обложувалница лоцирана на улицата „Кленоец” во Охрид.
Извршен е физички напад од Г.М.(47) врз Т.Б.(33), двајцата од Охрид. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.