Skip to main content

Нарушен јавниот ред и мир

Тепачка во спортска обложувалница

Охриѓанец нападнал 33-годишен сограѓанин во спортска обложувалница на улицата „Кленоец“, со што го нарушил јавниот ред и мир.
 |  инфодеск  | 
Тепачка

На 26.09.2022 година во 20:55 часот, во СВР Охрид пријавено е нарушување на јавен ред и мир во спортска обложувалница лоцирана на улицата „Кленоец” во Охрид.

Извршен е физички напад од Г.М.(47) врз Т.Б.(33), двајцата од Охрид. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.