Нарушен јавен ред и мир
Тепачка во угостителски објект на бул. Железничка
Нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица во угостителски објект лоциран на бул. „Железничка“ во Охрид.
На 01.05.2022 година во 03:10 часот во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(28) од Охрид и Д.К.(28) од Скопје.
Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


