Нарушен јавниот ред и мир
Тепачка во угостителски објект на Кеј Македонија
Охриѓанец го нарушил јавниот ред и мир во угостителски објект на кеј Македонија со физички напад врз 42-годишен сограѓанин.
На 15.01.2023 година во 03:40 часот, во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.Т. врз Ѓ.М.(42) од Охрид.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.