Skip to main content

И ова лето во Охрид не изостанаа физичките пресметки

Викендовов во Охрид биле регистрирани две тепачки во коишто биле повредени повеќе лица. Физичките пресметки меѓу туристите, но и меѓу локалното население не изостанаа ни ова лето. Од СВР Охрид велат дека и покрај овие немили настани трендот на регистрирани случаи на нарушувања на јавниот ред и мир во градов опаѓа.

 |  Јаковлева Лионела  | 
carsija

 

И ова лето во Охрид не изостанаа физичките пресметки меѓу туристите, но и меѓу локалното население. Само за викендов биле регистрирани две тепачки во коишто биле повредени повеќе лица. Во саботата во раните утрински часови во полиција бил пријавен инцидент во кафуле на плажа. Околу два часот еден од гостите се качил на маса и почнал да игра, по што влегле непознати лица облечени во црни маици со натпис “Кадмо” го фатиле за кошула и го извлекле надвор. Малдото момче од Љубаништа добило удари по главата и телото, а не била поштедена ниту девојката која била со него и која насилно била исфрлена од кафулето. По ќотекот напаѓачите избегале а нападнатиот гостин паднал во бессознание, по што и тој и девојкаста биле префрлени во охридската болница заради укажување на лекарска помош. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот кажувајќи дека истиот бил пријавен кај нив.ohrid

Овој случај е крајно професионално решен и против предизвикувачите на овој настан е поднесена кривична пријава, вели Стефан Димоски-портпаролот на СВР Охрид.

Ова не е прв ваков случај на нарушување на јавниот ред и мир на плажата „Кадмо“. Само пред една недела имавме и друг немил настан токму на ова место. Димоски кажува дека екипите на СВР Охрид постојано се на терен и дека имаат подеднакво ист третман кон сите објекти и локали каде не се почитува законот. Но се поставуива прашањето каде била полицијата во моментот кога се слчучила тепачката која можела дабиде и со уште посериозни последици.

Ние не можеме да бидеме 24 часа присутни на едно исто место. Ние не го покривамме само центарот на градот туку и останатите делови од градот па и други градови се под наша ингеренција, објаснува портпаролот Димоски.

Инаку во раните утрински часови неделата имало инцидент и на булеварот Туристичка. Две групи во одделни автомобили  БМВ и “пежо 306”,на два пати се пресметувале со тупаници. Еднаш на булеварот а вториот пат на клучката на излезот од Охрид кога било употребено и ладно оружје, односно еден од напаѓачите извадил нож и го пресекол едното лице во половината по што групата насилници избегале. На повредените им е укажана лекарска помош во болницата во Струга, од каде настанот бил пријавен во тамошната полициска станица. Вчера попладне на булевар Туристичка двајца скопјани нападнале полициски службеници при вршење рутинска контрола. Двајцата биле приведени во станица и против нив   е поднесена кривична пријава за напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста.
Димоски вели дека и покрај овие немили настани трендот на регистрирани случаи на нарушувања на јавниот ред и мир во градов опаѓа. Во текот на минатиот месец се регистрирани само три, а во периодот на  минатата година во овој периодм имало 49 нарушувања. Свр Охрид и понатаму ќе работи на превенцијата како би се намалил процентот на тепачки во градов.