Skip to main content

Теренски активности на кандидтите за пратеници од СДСМ во ИЕ 5

Радмила Шеќеринска од СДСМ, носител на кандитатската листа во ИЕ 5 и кандидатите за пратеници Лазе Таневски и Жаклина Лазаревска од Охрид и стружанецот Јован Митрески имаа теренски активности. Шеќеринска со струшкиот колега во посета на градежните активности на базенот во Струга. Охридските кандидати за пратеници Таневски и Лазаревска имаа средба со пензионери од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.

 |  Валентина Неловска  | 

Носителот на кандитатската листа од СДСМ во ИЕ 5, Радмила Шеќеринска со струшкиот колега Јован Митрески остварија посета на градежните активности на базенот во Струга. Руинираната зграда на некогашниот базен во Струга целосно се реконструира и ќе биде готова во 2021 година. Овој олимписки базен првпат бил изграден во 1972 година, а околу 15-тина години е затворен за пливачи. Надлежните, секој во своето време, не нашле решение за негова возобнова, конечно владата на СДСМ ќе го рестартира и ќе ги врати децата назад во вода и во зима, кажа Шеќериска при работната посета.
Охридските кандидати за пратеници Лазе Таневски и Жаклина Лазаревска, пак имаа средба со пензионери од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.

 

Денес, пред претседателството на здружението на  пензионерите од општината Охрид и Дебрца ја презентираа програмата на коалицијата Можеме. Беше зклучено дека се што се прави во интерес на сите граѓани е поддржано од пензионерите. Особен интерес предизвикаа мерките кои се однесуваат на оваа категорија граѓани, на пензионерите. Кандидатите ги посочија мерките како што се стабилизација на пензискиот систем, поДенес, пред претседателството на здружението на пензионерите од општината Охрид и Дебрца ја презентрастот на пензиите во просек за 824 денари. Обезбедени дополнителни 722 денари за секој пензионер. Развивање услуги за помош на пензионерите и возрасните лица.
Ветија, минимална пензија во следниот мандат покачена на 10.700 денари.