Skip to main content

Тешка кражба во црквата „Св. Никола“ во Трпејца

Од црквата „Св. Никола“ во охридското село Трпејца, украдени пари и други предмети.
 |  инфодеск  | 
Трпејца

Во СВР Охрид на 30 јуни 2026 година било пријавено дека во црквата „Св. Никола“ во охридското село Трпејца била извршена тешка кражба.

Според пријавата, од црквата биле одземени пари и други предмети.

Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.