Skip to main content

Тешка кражба во црквата „Св. Илија“ во Радожда

Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св. Илија“ во струшкото село Радожда.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св. Илија“ во струшкото село Радожда.

svrКазненото дело, засега непознатиот сторител го извршил во периодот од втори до десетти овој месец  употребувајќи подесен остар предмет со кој насилно делувал врз бравата од влезната врата.

Откако значително ја оштетил бравата, сторителот на овој вандалски чин успеал да ја отвори влезната врата и да влезе во внатрешноста на црквата. Потоа извршил пребарување, од олтарот и одзел четири резбани столпчиња со должина од два метри и ширина 15 сантиметри и две резбани царски двери.

На местото на настанот , извршен е увид. Полициската станица од Струга презема мерки за расчистување на случајот и идентификација на сторителот.