Skip to main content

Тешка сообраќајна несреќа кај Опеница, четири лица тешко повредени

По насоки на јавен обвинител, увид на местото на сообраќајната незгода извршила екипа од СВР Охрид. Полицијата работи на утврдување на околностите под кои се случила несреќата.
 |  инфодеск  | 
сообраќајка

Вчера, околу 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид–Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сузуки Витара“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „Опел“ со битолски регистарски ознаки.

Со возилото „Сузуки Витара“ управувал 67-годишен државјанин на Велика Британија, додека со возилото „Опел“ управувал 28-годишен жител на селото Буково, Битолско.

Во несреќата, двајца сопатници од возилото „Опел“ се здобиле со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Возачот на „Сузуки Витара“ и уште две сопатнички од возилото „Опел“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид.

По насоки на јавен обвинител, увид на местото на сообраќајната незгода извршила екипа од СВР Охрид. Полицијата работи на утврдување на околностите под кои се случила несреќата.