Skip to main content

Тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Кичево-Осломеј

Десет лица  се здобиле со тешки а десет други со лесни телесни повреди  во сообраќајната незгода што денес во 06 часот и 45 минути се случи на регионалниот пат Кичево-Осломеј во близина на селото Мамудовци.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

Десет лица  се здобиле со тешки а десет други со лесни телесни повреди  во сообраќајната незгода што денес во 06 часот и 45 минути се случи на регионалниот пат Кичево-Осломеј во близина на селото Мамудовци.

svrВо тешката сообраќајна незгода учествувале мини бус марка „Мерцедес“ и комбе марка „Фолксфаген“ кои по регионалниот пат се движеле од Кичево кон Осломеј како и едно товарно возило марка „Форд“ што сообраќало од спротивниот правец.  

Сообраќајната незгода се случила во момент кога мини бусот „Мерцедес“ кој превезувал 18 патници-работници во РЕК „Осломеј“ започнал да врши претекнување на комбе марка „Фолксфаген“ а од спротивната коловозна лента наишло товарното возило марка „Форд“. Притоа се случил удар на страничните леви страни од мини бусот „Мерцедес“ и товарното возило „Форд“ по што мини бусот удрил и во предното лево крило од комбето Фолксфаген“.  Овие две возила излетале надвор од коловозните ленти  при што мини бусот „Мерцедес“ удрил и во бетонски sид. Товарното возило марка „Форд“ останало на десната коловозна лента во правецот на движење.

Со две медицински возила, повредените се пренесени во општата болница во Кичево а потоа и во болниците во Охрид и Скопје.
На лице место извршен е увид во присуство на јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Кичево. За време на увидот, сообраќајот на регионалниот пат не беше во застој односно се вршеше наизменично пропуштање на моторните возила.