Skip to main content

Свр охрид

Тешка кражба во Стара касарна

При тешка кражба од помошен магацин на полицијата во Стара касарна одземени се солзавци, шок бомби и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 |  инфодеск  | 
Полициско возило

На 15.04.2022 во 12:30 часот во СВР Охрид е пријавена тешка кражба од помошен магацин за расходувана опрема на СВР Охрид кој се наоѓа во Стара касарна.

Притоа се одземени солзавци, шок бомби и други предмети кои биле предвидени за расходување. Известен е јавен обвинител и Одделот за вантрешна контрола и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.